„Струмица стана европски град уште пред многу години покажувајќи им на сите како се работи најдобро. Струмица беше и моторот во битката со режимот и моторот во напредокот кон Еворпа. Треба д асе признае на овој град за храброста и одважноста во придонесот за слободата“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашта општина“ во Струмица.

Тој додаде дека во кандидатот за градоначалник на оваа општина, Костадин Костадинов се препознава себеси и кажа дека верува во него бидејќи има јасен план и визија.

Лидерот на СДСМ кажа дека општина Струмица постојано вложува во инфраструктурата и додаде дека цела Македонија знае и препознава дека Струмица е европски град.

„Струмица бележи видлив економски напредок и кога велиме дека следува најдоброто, мислиме на развојот на Струмица како центар на младите луѓе“ кажа Заев и најави дека ќе се воспостави старт-ап инкубатор, каде што младите ќе ги градат и разиваат своите бизнис идеи.

Тој додаде дека во следниот мандат ќе се прошират и индустриските зони со домашни и странски инвеститори.

„Ова отвора нови можности, повторно да сме чекор понапред во развојот од другите општини. Општина Струмица е пример за планирање и реализација на европски проекти. Градот е препознатлив по спортски и културни случувања и е центар на Балканот за иницирање на регионални иницијативи за зближување и заеднички живот во сите сфери“ кажа Заев..