„Ќе воведеме дигитален оналјн систем за директен контакт на градоначалниците и советниците со граѓаните со цел брза и ефикасна размена на информации за сулуги од надлежност на локалната самоуправа, како и соработка со НВО секторот“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Струмица.

„Иницијативите на граѓаните ќе бидат прифатени и ќе се разгледуваат по утврден систем, при што општините ќе бидат обврзани да одговараат во рок од 10 дена“ кажа Заев.

Тој додаде дека учеството на граѓаните во управувањето на општините ќе биде унапредено во партнерски однос, а најави и дека општина Струмица ќе се фокусира на развојот на селата.

„Целта е во нашите села, да има добри услови за живот и да може да се обезбедува убава егзистенција. Среќата не е во градот или во селата, туку во квалитетот на живот во местото на живеење“ кажа Заев.