ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите по седми пат, а две третини од нивното раководство е со обвиненија и тие сега на спотовите морбидно се подигруваат со пожарот во Тетово, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина во Штип.

-Ако за нив лекарите се убијци и притоа се носеле фашистички мерки замислете во кое режимско минато се обидуваат да не вратат. Мицкоски и тие околу него се опасност и не смее да се вратат повторно на власт. СДСМ е сигурност, сигурност за граѓаните и државата и затоа на 17 Октомври во целата земја победува Најдоброто, кажа Заев.

Тој дополни дека за предизвиците на централно ниво биле најдени решенија и она што сите го посакувале Владата предводена од СДСМ го направила.

-Ја внесовме државата во НАТО и до крајот на годината ќе ја одржиме првата Меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите. Спроведовме успешен попис, а растат и минималната плата, просечната плата, се развиваат бизнисите, имаме најниска невработеност, растат пензиите и социјалната помош и воедно го осигуравме македонскиот идентитет за навек, заклучи Заев.