Штип е центарот на текстилна индустрија, но денеска е бренд за облека што ја извезуваме во Европа и светот и ќе продолжи да се развива, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на партиската трибина во градот. Тој кажа дека секој ден се покажува дека се може се подобро и на 17 Октомври ќе се потврдиме чекорот на напредокот.

-Ќе победи резултатот од работата и посветеноста во Штип. Штип е во сигурни раце како што и заслужува и живее во поквалитетни услови. Штип е на прав пат исто како и државата, а прогресот во континуитет мора да продолжи. Здравствените услови во Клиничката болница се унапредени, поради новата апаратура, а за само четири години имаме изградено над 30 здравствени установи и со зголемувањето на платите на медицинскиот персонал се доближивме до европските стандарди, рече Заев.

Тој додаде дека се работело вредно и напорно и таа силна динамика е неопходно да продолжи. 

-Штип го отворивме како пупка со конекциите до главниот град и останатите градови. Се пушти автопатот до Скопје, се работи на патот до Радовиш. Се гради патот до Крупиште и го поврзавме целиот исток. Изградивме комплетна поврзаност до Пробиштип, преку експресни и магистрални патишта и во истокот толку не се градело, потсети Заев, потсетувајќи дека се реализирани над седум илјади проекти на локално ниво.