Додека ние носиме историски инвестиции, додека позитивно ја трансформираме секоја општина, додека обезбедувам повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прашуваат дали е ова нормално, посочи претседателот Зоран Заев вечерва од Крива Паланка.

Заев додаде дека успесите што се постигнати во овие четири години се веќе нормално, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во опозиција се додека не научат како се работи за државата и граѓаните.

И 300% зголемена социјална помош е нормално, и покачени плати за 6.300 во просек во државата е нормално. И покачени плати за 35% на здравствениот персонал е нормално. Нормално е и наше секојдневие се покачените плати и на учителите и наставниците.

Нормално е да поделите 10 милиони евра ваучери на спортските клубови. Нормално е да реализирате и поддржите општините со преку 550 милиони евра проекти, затоа што е нормално да инвестирате во својот народ, да инвестирате во инфраструктурата. Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со својата политичка кариера. Нормално е и да инвестираш во сите региони рамномерно, наместо Истокот да го игнорираш цели 11 години. Нормално е! И ако не знаете како се прави, останете таму во опозиција и учете лекции“ истакна Заев и им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори и алиби за поразот на 17 октомври кој е очекуван.