„Докажавме дека државата има пари, но тие пари треба да се насочат кон граѓаните и проектите за подобрување на животот на граѓаните, а не према споменици шмизли, бронза, златни огради и жални врби“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.

„Реализиравме седум илјади проекти во општините, изградивме и обновивме 60 детски градинки, 80 училишта, 60 објекти на полицијата, 34 болници и здравствени домови, 20 домови на култура, библиотеки, општински згради, театари“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека за време на кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, Владата исто така излезе во пресрет на граѓаните и со една милијарда и 150 милиони евра ги помогна компаниите и најпогодените граѓани.

„Докажавме дека не сме исти и тоа во време на пандемија и со решавање на крупни прашања. Доста беа експерименти во државата. Не сме веќе ни млада демократија, ни млада земја, прославивме 30 години“ кажа Заев.