Од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска не можат да се очекуваат развојни проекти и граѓаните тоа го знаат, го знаат затоа што мегаломанството во Скопје заврши, затоа што нивниот арамилак да освојуваат општини заради пусти пари да се обидуваат да се вратат на власт, заради моќ, заради пари е препознаено и од Аердором и од целата држава тоаа време заврши и тоа време е во минатото, порача вечерва претседателот Зоран Заев во Аеродром.

Тој додаде дека непроменети луѓе и режим не одат со нова иднина.

„Не оди режим и непроменети луѓе со нова иднина. Нова иднина оди со овие луѓе, нова иднина оди со А.Филиповски и А.Трајановски овде во Аеродром. Нова иднина оди со Софија Пејкова и Петар Шилегов во Г.Скопје. Тоа е Скопје што го навикна овие 4 години, тоа Скопје ќе го поддржи затоа што тоа е добро и за Скопје и за сите наши општини. Муцунски и Арсовска знаат само да ги слушаат наредбите на Христијан Мицкоски, а тој не знае кај тера.

Тој толку е збунет деновиве што почна да промовира политики на СДСМ: те лидерски патриотизам биле нови работни места, те херојство било да ја извадиш државата од тркалото во кое се вртела, те заеднички патриотизам бил соживотот.

Теми што СДСМ со години ги промовира и реализира, денес Мицкоски ги претставува како свои, што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ навистина нема што да понуди освен деструкции, лажни вести и блокади опасни по интересите на граѓаните и државата.

Огромна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ние, од СДСМ.

Ние инвестираме во младите во земјоделците во работниците и пензионерите, тие инвестираа во барок, во споменици, жални врби и палми. Ние се грижиме за младите, тие ги тепаа на плоштад и по читални и ги бркаа од државата. Мицкоски упорно се однесува нечесно, несериозно и неодговорно и заради тоа е казнуван од граѓаните со редовни порази на изборите, а после овој седми пораз на избори, време е да се повлече и од белиот дворец“ заклучи Заев.