Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во Тетово беше запрашан дали би се вратил во политиката и одлучно го одби тоа, како и гласините дека сака да се кандидира за претседател на следните избори за шеф на државата.

„Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколкумина луѓе. Поради Фондацијата ‘Заев‘ и моите општествени активности немам намера да се кандидирам за претседател на државата. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помагам оваа и секоја идна влада“, изјави Заев.

Заев во својство на бизнисмен учествуваше на дебатата организирана од Студентскиот парламент на Универзитетот на ЈЕ, учествуваа и ректорот Абдулменаф Беџети и деканката на Факултетот по економија на истиот Универзитет, Хирије Абази Алили.