Фејсбук статус на премиерот Заев:

Заигра македонското срце кога пролетта во Дуисбург ја надигравме големата Германија со 2:1 на гости.

Целиот свет дозна за тоа кои сме и од каде доаѓаме. Денеска сме ние домаќини на Германија во Скопје, во квалификациите за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Да им посакаме топло добредојде во Северна Македонија на гостинските фудбалери и навивачите кои допатуваа да го следат натпреварот.

Нека грми Арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија. 🇲🇰 🇩🇪