„Задоволство е кога ќе ги поминете 650 села во државата и 34 градови заедно со градот Скопје и ќе видите дека се реализирани голем број проекти. Факт е дека реализиравме 7000 проекти од кои 680 во населени места, па видливо е и задоволствот кај луѓето“ изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Сител.

Тој потсети колку се важни општините за секојдневниот живот на граѓаните, па според тоа важно е какви луѓе ќе ги водат и какви програми ќе се реализираат во наредниот четири годишен период.
„Оттаму можам да кажам дека овие избори се избори на личности и на програми“, рече Заев

на прашањето зошто смета дека кандидатите на СДСМ се најдобри тој одговори:
„Нашите градоначалници се најдобри, затоа што минаа низ селекција на граѓаните.
Досега покажавме дека сме подобри и тука нема дилемаи, прво затоа што како Влада алоциравеме стотици милини евра за проекти во локалната самоуправа, а второ самите општини денеска се раздолежни и ликвидни“.

На крајот Заев ом порача на сите идни градоначалници да си го сакаат својот народ и да ја прифатат и честа, но и одговорноста што граѓанте има ја даваат на изборите, да му служат на народот, а не да владеат со него и внимателно да ги слушаат граѓаните и нивните потреби, да бидат фер и правични кон сите.
Да слушаат од граѓаните што е нивниот приоритет, а на од администрацијата или само од своето видување за тоа.
Граѓаниите се непркосновени на лоаклно ниво тие знаат што е најдобро за нив.