11 години во времето на режимо, Крушево беше заборавена општина, а неговите потреби беа игнорирани, сега гледаме инвестиции, реализација на проекти важни за граѓаните, порача вечерва од Крушево, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„И сега истите луѓе од режимот доаѓаат овде да ветуваат наводна „нова иднина“ а самите се заглавени во темното минато и се надеваат дека народот заборавил. Е па се излажале, народот не заборавил, Крушево не заборавило и нема да заборави на сите злодела што ги направија за 11 години“ посочи Заев.

Тој истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена и додека таа партија не се реформира, ќе губи на секои изборни соочуваања.

„Треба да знаете дека СДСМ е нешто повеќе од политичка партија. СДСМ е пријателство, разбирање, соработка, помирување, простување, компромис, подадена рака, човечност… СДСМ е проектант и градител на мостови. Тоа во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ќе можат да го разберат. Ним не им е јасно дека во светот веќе одамна не постојат ,,чисти” држави и општества. И Европа, Балканот и Северна Македонија пичиваат на вредностите на различност, на мултиетничност и мултикултурност. Такво е и Крушево, вие тоа мошне добро го знаете. И се додека се однесуваат така, нема да ја имаат довербата и ќе губат на сите избори“ заклучи Заев.