Горан Герасимовски e Најдоброто за општина Центар, тој има мотив и неговите и вашите деца да живеат во современ европски Центар, има конкретен и јасен план како да го донесе Најдоброто во Центар со прецизни рокови за реализација на проектите и тоа го издигнува над другите кандидати, порача вечерва од Капиштец претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во следните 4 години силно ќе го поддржиме Горан во определбите за чиста животна средина, енергетска ефикасност, квалитетна инфраструктура и безбеден сообраќај, нови паркинг-места, современо и инклузивно образование, економски развој на Центар, инвестиции во младите, родова еднаквост, грижа за сите, редовна комуникација со граѓаните, како и во неговите планови за инвестиции во младите таленти и за поддршка на развојот на културата и на спортот“ посочи Заев.

Претседателот Заев пред присутните истана дека проектите во Програмата на Герасимовски ќе бидат поддржани и од централната власт, но и од градската власт која повторно ќе биде предводена од Петре Шилегов.

За следниот период најавуваме инвестиции во предучилишното образование: Центар добива две нови градинки, проширување на капацитетите на ОУ „Коле Неделковски, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ станува комунално претпријатие, а предвидена е и изградба на катни и на монтажни гаражи, Центар ќе стане паметна ошштина, а Дебар маало добива нов лик со нов пак и монтажен паркинг на местото на старите бараки на ПУИК“ посочи Заев.

Заев му се заблагодари на сегашниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ и од граѓаните побара поддршка, за Центар и Скопје уште во првиот круг да го добијат Најдоброто.

„Во недела на 17 октомври да гласаме за број 12, за уште еден градоначалнички мандат за Петре Шилегов – Шилегов, градоначалник на Скопје! 12 за Горан Герасимовски – Горан, нов градоначалник на општината Центар! 12 – за Слобода, Демократија, Развој како во државата, така и во општините! За Најдоброто – број 12!“ повика Заев.