Заев: Најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави ни носи уште една потврда за исправноста на патеката на која ја поставивме државата
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави ни носи уште една потврда за исправноста на патеката на која ја поставивме државата

Фејсбук статус на Зоран Заев:

Најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави ни носи уште една потврда за исправноста на патеката на која ја поставивме државата и за исправноста на социјалдемократските политики од 2017 година наваму.

Слободата на медиумите е една од најважните вредности и продобивки за која се боревме и која почнавме да ја освојуваме уште од времето кога го уривавме режимот. Треба да сме горди што веќе седма година по ред, растот на медиумските слободи е постојан, видлив и во нагорен тренд.

Им честитам и на медиумските работници, и на властите, а особено на граѓаните што во ниту еден момент не отстапија од оваа демократска определба. Уверен сум дека ваквите слободарски и демократски трендови носат трајна промена во нашето општество.

Можеби ќе ве интересира...

Коциќ: Со инсистирањето на тет-а-тет средба претпоставувам Мицкоски сака нешто да испазари

Vesti +

Црвениот крст прв контакт за граѓаните кои пристигаат од Авганистан

В+

119 санкционирани возачи во Скопје

Vesti +

(ОБЈАВЕНО Е И ВИДЕО) Нови детали за страотниот пожар во Штип кој проголта два стана

Vesti +

Оставката на Заев – топ тема на бугарските и српските медиуми

В+

Поскапува регистрацијата во Македонија – за постари возила ќе се плаќа поскапо

Vesti +