Фокусот го насочивме кон инвестиции во патната и комуналната инфраструктура затоа што таа е моторот на економскиот развој, тоа е видливо особено во овој крај, овде во Крива Паланка и овој регион, порача вечерва од Крива Паланка претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочи дека во овие четири години наназад само во североисточниот регион во патната желензичката комуналната инфраструктура и другите проекти вложени се над 700 милиони евра.

За овие четири години реализиравме реконструкција со рехабилитација доградба на III лента на државен пат Крива Паланка – Деве Баир во должина од 13 километри.

Се рехабилитираа 6,9 километри од патна делница Узем – Тораница, како и патот Крива паланка – Огут.

Но она што е најважно за овој крај е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 25 километри, инвестиција вредна 58,5 милиони евра финансирана од Светска Банка.

Се гради пругата Бељаковце – Крива Паланка, како и пругата Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир.

Ова се реални, капитални инвестиции кои не само што го унапредуват квалитетот за живот, туку и отвораат сериозни можности за локален економски раст.Само во овој дел на нашата земја ако се земат предвид патната и железничката инфраструктура, имаме проекти кои се во вредност од над 700 милиони евра. Тоа се огромни средства кои до пред некоја година беа мисловна именка за овој крај“ истакна Заев.

Претседателот Заев порача дека кандидатот Сашко Митовски и носителката на советничката листа Изабела Павловска се Најдоброто за Крива Паланка затоа што со нив продолжуваат успесите на локално ниво.

„Крива Паланка е сплотена, мотивирана да го одбере Најдоброто и ќе го одбере Најдоброто! Во недела Крива Паланка гласа за Број 12, гласа за Сашко Митовски, гласа за Изабела Павловска. Најдоброто победува во Крива Паланка уште во првиот круг!“ порача Заев.