Правецот што ќе го даде исходот од локалните избори ќе биде правецот на државата, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто на Клан телевизија. Тој додаде дека овие избори можеби не се историски, но ќе имаат историски последици и затоа е многу важно граѓаните да излезат и да и дадат правец на државата.

-Не можете да итате кон Европската унија и НАТО, кон пријателство со соседите, кон зближување на нашиот мултиетнички народ, ако некој ви шири национализми, ако некој ви прави кавги со соседите, ако некој е против Преспанскиот договор или Договорот со Бугарија или Охридскиот договор. Знаат граѓаните дека едно со друго не оди, истакна Заев.