Локалните избори се избори на личности, а ние ги имаме најдобрите кандидати за градоначалници и советници а ја имаме и најдобрата програмска понуда, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостување во дневниот на Сител телевизија.

„Тоа го кажаа граѓаните на анкетите кога ги проверувавме кандидатите и нивните програми во нивните општини. Досега покажавме дека сме подобри, не само што државата вложи милиони евра во илјадници проекти туку и самите општини покажаа спремност капацитетност, денес тие се раздолжени и ликвидни и финансиски стабилни. И затоа веруваме дека ги имаме најдобрите личности и најдобрите програми и очекуваме на 17ти октомври тоа граѓаните да го потврдат.“ изјави Заев.

Запрашан што би им порачал на идните градоначалници, Заев истакна дека тие треба да си ги слушаат своите сограѓани, да му служат на народот, а не да владеат со народот, да бидат фер и правични кон распределување на средствата и да помагаат во решавање на проблемите.