-Дека сакаме да учиме сме докажале многу пати до сега. Ние како политичари мораме постојано да учиме и да ги слушаме граѓаните. Ефикасноста на инситуциите е многу важна. Јас верувам дека сето ова поттикнува мобилизација, а прогресивниот дел од граѓаните, кое е мнозинство, ќе излезе на избори и ќе го трасира патот кон Европа. Нам не ни треба конзервативен пат, кој не е близок до европските вредности. Затоа очекувам победа во вториот круг од изборите, изјави премиерот Зоран Заев, во интервју на Канал 5.

Додаде дека со СДСМ државата оди напред, затоа што има јасна цел и визија, додека со ВМРО ДПМНЕ се промовираат конзервативни планови во кои нема европски вредности.

-Верувам дека успеавме во овие 10-тина дена да испратиме сериозни пораки, сега сме обединети, здружени сме, во коалицијата, со партиите на Албанците и со граѓаните. Граѓаните ќе го дадат правецот дали ќе одиме кон модерно Скопје или назад кон лагите и лошото управување со Скопје. Граѓаните знаат дека овие четири години ги слушаме, знаеме да се корегираме, да се вратиме два чекори назад, како на пример со Закон за прогресивно оданочување. Game change е можност да сме поодговорни. Граѓаните знаат што е развој на Скопје, а што е измислување, правиме мостови на Вардар и даваме функционалност на градот и ги обедуниваме граѓаните, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 5.