„Како е во светот, така е и кај нас. Согласно Евростат се попишуваат сите граѓани кои имаат наше државјанство, без разлика дали живеат дома или во странство. Потоа се прави јасна дистинкција на резиденти и нерезиденти“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на Канал 5.

Тој објасни дека граѓаните кои живеат повеќе од една година надвор од државата се нерезиденти и дека тоа разграничување е јасно направено.

„Има проблеми, кои Државниот завод за статистика транспарентно ги споделува. Има хакерски напади. Сите стручни служби, информатички експерти кои работат на системот ги одвраќаат и досега успешно ги совладуваме“ кажа премиерот Заев.

Тој додаде дека верува оти пописот успешно ќе заврши и го повика лидерот на опозицијата да не се однесува несериозно и да ги признае резултатите од оваа статистичка операција како што ветил и да не шири недоверба во институциите.