„Не може да се оди напред со Мицкоски и Села. Не може политичари заглавени во својата националистичка филозофија и политичка определа да кажат дека со нив ќе се оди напред во едно мултиетничко општество“ кажа премиерот Зоран Заев во интервјуто на Алсат ТВ.

Тој додаде дека резултати во земјава испорача прогресивната политика, која го сполоти народот дома и направи пријателство со сите соседи.

„Во единството се напредокот, силата и успесите. За разлика од нив кои продуцираа национализми од двете страни. Сега се заедно заради политичките математики во очекувањата. Тоа се два камења кои се остри и се тријат заради својата определба“ кажа Заев.

Тој додае дека со билдање мускули на тема национализам не се оди напред и нема иднина. Како што кажа тој, тоа води само назад, што го видовме во единаесетте години власт на ВМРО-ДПМНЕ.