Зоран Заев во објава на Фејсбук му се заблагодари на Алексис Ципрас, за пригодната најава на Конгресот на Сириза и истакна дека во време на криза наша патриотска должност е да ги поддржиме сите напори на прогресивните сили.

„Благодарам Алексис Ципрас, благодарам Сириза!
Да, навистина, во време на криза наша патриотска должност е да ги поддржиме сите напори на прогресивните сили. Сите треба да се обединиме за мир, солидарност и стабилност“, напиша Заев.

Заев на Конгресот од присутните беше поздравен со овации.

Ципрас ги поздрави и им се заблагодари на Зоран Заев и Никос Коѕијас за постигнуањето на Договорот.

Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на Сириза.

Помеѓу присутните делегати на Конгресот, беше и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.