Најдоброто за општините е најдоброто за граѓаните и уверен сум, Карпош ќе продолжи по патот Напред, бидејки Најдоброто е можно единствено напред, порача вечерва во Карпош на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој порача дека најдоброто во Карпош е можно со Петре Шилегов – градоначалник на град Скопје, со Душко Весковски – градоначалник на општина Карпош и со Марин Докузовски, носител на кандидатската листа на советници во општината Карпош.

Визијата на Душко Весковски е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со заштита на јавниот интерес, со почитување на приватната сопственост да го забрза економскиот развој на оштината, Карпош да има највисок процент на зелени површини во Скопје и Републиката, да биде со чисти улици по коишто ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура, рече Заев, нагласувајќи дека за реализација на своите проевропски идеи за доброто на карпошани ја има целосната поддршка од централно ниво.

Заев истакна дека во општина Карпош досега се реализирани или се во фаза на реализација, низа важни проекти за општината.

За следиот период најавуваме, изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата, изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети, со што ќе се реши проблемот со сместување на дечињата во градинка.

Тој ја најави изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, со што на површина од 60.000 м2 ќе бидат изградени ботаничка градина и рекреативни содржини, кој ќе се спои со Градскиот парк.

Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“,во соработка со Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, ќе основаме Младински Центар, каде сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и прошируваат своето знаење и да разменуваат мислења и искуства, нагласи Заев.

Тој додаде дека се планира дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци, со создавање нови зелени површини и заштита на животната средина, како и изградба на зелен пазар во Бардовци.

За голема победа во Карпош, во град Скопје на 17. октомври заокружуваме број 12, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев од Карпош.