– Ја отворивме заробената држава. Се ослободивме од отровите на национализмот и од заблудите на режимското владеење. Северна Македонија се отвори кон светот и направи пробив на меѓународен план кој го препознаа сите напредни демократии и ни ги доделија сите заслужени признаниј, порача меѓудругото премиерот Зоран Заев на вечерашната прослава по повод Денот на Народното Востание.

– Благодарение на сето ова се реализираше една од нашите најважни стратешки цели за државата, полноправното членство во НАТО. Цел зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година, која секогаш имала широк натпартиски и меѓуетнички консензус. Од држава оставена на маргините денес сме дел од моќното НАТО семејство. Нашата држава стана фактор на стабилност во регионот. Не прогласуваат за најбезбедна држава на Западен Балкан, со најтранспарентна Влада. Тоа го велат другите за нас, порача Заев.