Заев и Царовска на увид во градежните работи на градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров: Децата и родителите добиваат современ објект за згрижување и воспитување
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев и Царовска на увид во градежните работи на градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров: Децата и родителите добиваат современ објект за згрижување и воспитување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, денеска извршија увид во завршни градежни работи на новата градинка во Волково.

Со изградбата на оваа градинка се решава децениската негрижа и запоставеност на овој дел на Скопје, каде што речиси секоја година околу 600 деца остануваат надвор од згрижувачкиот и воспитниот процес во предучилишните установи заради недостаток на место и нови градинки.

Градинката е изградена во кружна форма во стил на современата органска архитектура. Истата е составена од централен кружен атриум (внатрешен двор) со комплетна енергетска ефикасност и со инфраструктура за да згрижи деца со попреченост и физички инвалидитети.

Проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со грант во висина од 73.800.000 денари, со кофинансирање од Општина Ѓорче Петров во висина од седум милиони денари.

Отворањето на нова градинка ќе значи олеснување на животот на најмалку 175 семејства во Волково. Но истовремено, тоа ќе значи и нови вработувања за најмалку 50 воспитувачи, негуватели, технички персонал.

Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата што веќе одат во постојните градинки во Општината и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата.

Се очекува градинката во Волково да биде пуштена во употреба до крајот на годинава.

Можеби ќе ве интересира...

Бочварски: Брзото завршување на коридорите има големо значење за економијата, за регионалниот развој, за безбедноста во сообраќајот

Vesti +

Денеска се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчeв

Vesti +

Каевски: Нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои две години зборуваат само за избори

Vesti +

Грковска – Орландо: САД ќе обезбедат поддршка за Македонија за финансиските истраги и за проблемот со перење пари

Vesti +

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

Vesti +

Приведени три лица од Скопје, кај нив е пронајдена дрога

В+