Важна е соработката меѓу централната и локалната власт рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во интервју за ТВ Сител.

Во оваа кампања се посветивме на нашата програма и на проектите и на визите на нашите кандидати со сите нивни перформанси. Убавиата на овие избори е дека се гововри за многу проекти.
Доловивме колку се важни општините за секојдневниот живот на граѓаните па според тоа важно е какви луѓе ќе ги водат општините и какви програми ќе се реализираат во наредниот четири годишен период. Оттаму можам да кажам дека овие избори се избори на личности и на програми.
Задоволство е кога ќе ги поминете 650 села во државата и 34 града заедно со градот Скопје и ќе видите дека се реализирани голем број проекти.
Факт е дека реализиравме 7000 проекти од кои 680 во населени места, па видливо е и задоволствот кај луѓето.

Северна Македонија генерано е решена со водоснабдување, но мора повеќе да се работи на реализација на канализациите. Исто така е важно и хуманото, урбано живеење кое е потреба на граѓаните и тоа треба да им биде испорачано во наредниот период.

Општините стануваат уште повлијателни со новата фаза на децентрализација на власта и ќе имаат поголем капацитет да ги испорачаат овие барања на граѓаните. Затоа го пртеставуваме најдоброто.
Нема дилема дека овие четири години го претставивме подорото од претходното.
Општните со подршка на централната власт која е ориентирана кон подршка на локалната власт, ќе реализираат уште повеќе проекти.

Им порачувам на градоначалниците да си го сакаат својот народ и да ја прифатат и честа, но и одговорноста што граѓанте има ја даваат на изборите, да му служат на народот, а не да владеат со него и внимателно да ги слушаат граѓаните и нивните потреби, да бидат фер и правични кон сите.

Да слушаат од граѓаните што е нивниот приоритет, а на од администрацијата или само од своето видување за тоа.
Граѓаниите се непркосновени на лоаклно ниво тие знаат што е најдобро за нив.

Нашите градоначалници се најдобри, затоа што минаа низ селекција на граѓаните.
Досега покажавме дека сме подобри и тука нема дилемаи, прво затоа што како Влада алоциравеме стотици милини евра за проекти во локалната самоуправа, а второ самите општини денеска се раздолежни и ликвидни.