Младите овде во Аеродром имаат свои сојузници и во кандитатот за градоначалник Алексндар Филиповски и во носителот на советничката листа Александар Трајановски и во целата советничка листа на СДСМ и Коалицијата, порача вечерва од Аеродром претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев истакна дека Филиповски, Петре Шилегов и советничките листи на СДСМ и Коалицијата, тоа е рецептот за идни успеси, за иден развој на Аеродром и Скопје и дека и двајцата можат да сметаат на силна поддршка од централната власт во реализацијата на идни проекти.

„Заедно со Филиповски овде во Аеродром градиме две нови градинки една во Мичурин и една во Ново Лисиче, а ќе биде доградено основното училиште „Блаже Конески“

Отвораме Младински центар, како што ќе отвориме и во секоја општина во државата. Аеродром ќе добие два затворени пливачки базени и нови паркинг простори.

Ова почитувани се проекти кои остануваат како трајна вредност за Аеродром, проекти кои дополнително го унапредуваат животот во оваа општина.

Вакви проекти може да понуди само СДСМ со Најдоброто. Затоа да го гласаме Најдоброто за Аеродром, Најдоброто за Град Скопје. Да заокружиме 12 за Александар Филиповски и Петре Шилегов, да заокружиме 12 советничките листи на СДСМ и Коалицијата, да заокружиме 12 за нова победа!“ повика претседателот Заев.