„Ова масовно присуство вечерва во Гази Баба, најавува дека следува уште една голема победа на чело со вашиот сегашен, а ќе биде и иден градоначалник, наш добар другар и соработник, чесен и искрен човек, Борче Георгиевски. Борче не руши. Борче создава и тоа е докажано на дело низ целата општина. Тука сум вечерва да ви ветам, дека Борче ја има целата моја поддршка, ја има поддршката од централно ниво да го направи најдоброто за цела Гази Баба, а мојот збор е збор. Борче зад тебе сме, затоа продолжи храбро, боречки за Гази Баба. Драги мои сограѓани од Гази Баба, вие победата во Гази Баба ја заслужувате најповеќе од било кој граѓанин на било која општина во Македонија. Затоа што овде за овие четири години се сработи три пати повеќе отколку за последните години на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа продолжете напред, продолжете со најдоброто, продолжете да победувате.“ истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на граѓанската трибина во Автокоманда.

Во минатото, со ВМРО ДПМНЕ, Гази Баба беше заборавена и отсечена општина, оставена во 19-от век, посочи Заев.

„Борче Георгиевски, Владата, СДСМ, со поддршка од Петре Шилегов и од централно ниво, забрзано ја придвиживме општината од 19-ти кон 21-от век. Бидејќи не е нормално да поставуваш лавови, бикови, шмизли… Ова се времиња на ведри луѓе, затоа ние инвестираме во дрвја и паркови, енергетски фасади, булевари, автентична урбана култура, во европски општини. Тие блокираат секаде, и на локално и на централно ниво, но нивните блокади ќе ги блокира народот на 17 октомври“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, во Гази Баба.

Тој истакна дека во изминатите четири години се реализирани над 200 крупни проекти за унапредување на условите за живот на граѓаните и за поголем економски развој, а за следниот во Гази Баба, со поддршка на Владата ќе се реализира уште повеќе.

„Најавувам, со поддршка на Градот и на Владата, изградба на нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, нови градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ, реконструкција и повторно отворање на Домот на културата во Ченто и Колонија, конечно решавање на депонијата „Вардариште“ и нејзино претворање во модерен парк, продолжување со изградбата на вакуум-канализацијата во Јурумлери. И уште многу капитални проекти, важни за секој граѓанин на Гази Баба“.

Во овие 4 години реализиравме повеќе од 200 проекти. Ако се пресмета тоа значи дека секоја недела од првиот мандат сме почнувале по еден нов проект -порача кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски на граѓанската трибина.

„Предвидовме и работиме и на илјадници квадратни метри нови јавни зелени површини. Заедно со бизнис секторот отворивме нови 4.000 работни места, во 15 нови инвестиции. Изградивме 48 километри патишта, булевари, улици. 23 километри водоводна и канализациска мрежа. Изградивме 10.600 метри квадратни пешачки патеки и 3.100 метри велосипедски патеки. Засадивме нови 2.000 дрвја и подигнавме 9.000 метри квадратни јавно зеленило. Гази Баба ја наследив со долг од над 2 милиони евра и опасност од блокирање на сметката. Целосно заборавена општина од моите претходници кои владееја цели 22 години, општина која ја уназадиле и вратиле во 19 век. Но, ние успеавме да ги вратиме долговите, да ја наполниме касата, започнавме нови проекти“, порача Георгиевски.

Заедно сме цел мандат и знаете дека работам да најдам решение на сите проблеми кои претходниците, цели 22 години, не ни помислиле да ги решат, рече Георгиевски.

„Вие сте сведоци дека јас не ја чекав кампањата за да работам. Во првите 4 години реализиравме повеќе од 200 проекти. Секој ден се обидуваа да нè запрат, а кога не успеваа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ барем да не успорат. Но, со тоа само покажаа дека ништо не се променило од нивното 22 годишно владеење во Гази Баба. И најмала власт за нив за општината значи уназадување и ново нереализирање на проектите за граѓаните. Резултатите постигнати во овие четири годни се мојата гаранција пред вас, дека сите проекти кои ги нудиме сега нема да останат само ветување. Бидејќи Гази Баба нема ни минута повеќе за да стои во место. Гази Баба нема време за губење. На 17 Октомври да ја прославиме новата победа. И уште поважно, веднаш заедно да продолжиме со реализација на нови, преку 400 проекти за секое населено место во нашата општина.“ истакна Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ и коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА.

На граѓанската трибина во Автокоманда се обратија и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата за општина Гази Баба, Александар Саша Димитријевиќ.