Македонската Влада беше прва во регионот која уште пред неколку години создаде и активираше сеопфатен акциски план за справување со дезинформации кој даде соодветни резултати и на ниво на алармирање и кревање свест кај населението и на ниво на системски решенија како што е високото ниво на активна транспарентност и отвореност на централните државни институции или пак воведувањето на медиумската писменост во образованието ова, меѓу другото, го вели Марјан Забрчанец, национален координатор на Владата на Северна Македонија за Отворен Балкан и регионални иницијативи во интервју за Порталб.мк, кој е специјалист по односи со јавност, комуникациски стратегии и стратешко планирање, со разновидно 20-годишно професионално искуство во граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор.

– Северна Македонија е во постојана координација со своите НАТО сојузници, а кризата во Украина покажа дека НАТО е меѓу другото и сериозно координирана комуникациска платформа за промоција на демократски вредности и за заштита од антизападни манипулации и дезинформации. Сè почести се заклучоците дека Русија ја изгуби пропагандната војна во случајот со Украина, вели Забрчанец.