„Зелените коридори на границите веќе работат за компаниите кои пренесуваат храна во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Сега има само неколку минути чекање на граница и сѐ се спроведува според ЕУ стандарди“, рече Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан во Владата на Северна Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организиран од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора.

Трите земји од Отворен Балкан ги усогласија своите регулативи и постапки за царинските и фитосанитарните процедури и контроли, кои како придобивки од ЕУ и од ЦЕФТА сега практично се применуваат меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

„Намаленото чекање на границите е опиплив резултат за компаниите и може да се провери со секоја македонска компанија која извезува или увезува храна“ рече Марјан Забрчанец национален координатор за Отворен Балкан во Владата на Северна Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организиран од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора.