„Северна Македонија е рамо до рамо со сојузниците во комуникацискиот систем. Мислам дека веќе од овој момент, од руската инвазија во Украина поддршката за антидемократската пропаганда ќе почне да опаѓа“ рече Марјан Забрчанец во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека доколлку се видат истражувањата, во земјава имаме доминантна поддршка за НАТО и ЕУ и покрај скептицизмот и непринципиелниот однос на ЕУ кон земјава во врска со почетокот на пореговорите.

„Македонците доминантно се за НАТО, за демократија, за ЕУ. Македонците се мирољубив народ што сака да биде во пријателство и со рускиот народ меѓутоа не со Путин бидејќи нашиот народот никогаш нема да поддржи и не поддржал воена агресија. Свежи се сеќавањата и од 2001 и од војните во регионот“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека постојат одреден број на Фејсбук страници и групи од каде извираат анти-НАТО дезинформации и ги предупреди граѓаните да внимаваат на: „Родина МК“, „Кукузел,“ „Бојкотирам Северна Окупација“, „Налет да се сторите“, „Дали крајот вака мириса“.