Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека вакцинираните лица од земјава може да патуваат каде што сакаат приложувајќи ги ковид-пасошите и сертификатите откако Македонија беше ставена на црвената листа на ЕУ.

Министерот образложи дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.

„Во тој поглед сме спремни, еособно со сертификатите. Интензивната работа на тимот што работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени“, посочи министерот Филипче.