Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Пред само шест месеци, во март оваа година, Христијан Мицкоски рече дека преговорал за набавка на 100 нови електрични автобуси за потребите на ЈСП Скопје.

Од партиски настан, од партиска говорница, Мицкоски се стави во улога на градоначалник на Скопје и говореше во името на неговата кандидатка а потоа и градоначалничка Данела Арсовска.

Да го слушнеме Мицкоски:

„Втората работа за којашто сакам денеска да зборувам е практично еден голем проект, позитивен. Инвестиција за Скопје и скопјани во делот на организираниот превоз. Изминатиов период сериозно работевме на контакти и разговори и преговори со неколку светски компании којшто произведуваат електрични автобуси. Нови минимум 100 парчиња електрични автобуси којшто од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче.“

Мицкоски самиот се промовираше како шпицен градоначалник, мешајќи се во нешто што не е негова надлежност.

Мицкоски говореше во името на Арсовска, партизирајќи ги институициите и ставајќи го Градот целосно под негова капа.

Скопје стагнира цела година. Поминаа месеци, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички именител на сите овие скандали се парите и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо друго.

Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Пeрински се фатени со рацете во медот.

После шест месеци подоцна нема ништо од спектакуларно најавуваните 100 електрични автобуси од Мицкоски.

Дали парите и бизнис интересите на Мицкоски и неколкумина околу него во ВМРО-ДПМНЕ е причината за тоа?

Шпицниот градоначалник Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Колку тегли мед се причината што пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје?