За американската амбасадорка уставните измени се над политиката, опозцијата да не противречи колку да е против
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

За американската амбасадорка уставните измени се над политиката, опозцијата да не противречи колку да е против

„Јас се надевам дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, да биде против. Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата“ изјави американската амбасадорка Анџела Агелер на Сител ТВ.

Таа додаде дека нејзина желба е тие кои го доведуваат ова во прашње да погледнат што е тоа што е во најдобар интерес за земјава, за сите граѓаните и да донесат одлуки со кои ќе се направи придвижување земјата да стане посилна, а не послаба.

Агелер смета дека македонскиот јазик и идентиетт нема да бидат загрозени во процесот на уставните измени и најави дека таа и Стејт департментот ќе направат се за поддршка на евроатлантската аспирација на земјава, свесни дека не е само тешко да се придвижат уставните измени, туку и да се спроведат реформите кои се неопходни за тоа членство.

„Верувам, според она што сум го слушнала од македонските пријатели и контакти во изминатите две декади, а тоа е дека ова е тоа што луѓето на оваа земја го сакаат – сакаат да бидат насочени кон ЕУ, да имаат пристап до европскиот пазар повеќе отколку што имаат сега, да станат целосно интегрирана членка на европската зедница и да бидат дел од евроатланското семејство. Јас верувам и ќе направам се што е во моја моќ да ја помогнам таа евроатланска аспирација зашто мислам дека е важна и мислам дека ќе направи огромна разлика во контекст на економијата во оваа земја, во контекст на можностите кои се достапни за младите во земјава“ рече Агелер.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП објави листа со имиња на луѓе и фирми – Кој колку должи за данок?

В+

Приведено лице од Скопје по распишана Централна потерница

Vesti +

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа -Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

В+

Казнети 127 возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Vesti +

Забрчанец на форумот во Блед: Владите имаат должност да објавуваат и вешто да промовираат точни информации, тоа е одговорот за дезинформациите

В+

Интервју со Лукаревска за Локално: Не сум против прогресивното оданочување, но за да зборуваме за оданочување на богатите, прво треба да ги дефинираме кои се тие

Vesti +