Српскиот претседател Александар Вучиќ одговорајќи на новинарско прашање дали е подготвен да се дистанцира од Владимир Путин, а што позитивно ќе се одрази на преговорите на Србија со ЕУ, кажа дека „од почеток на нападот на Украина немал личен контакт со руските официјални лица така да нема од што да се огради, бидејќи позицијата на Србија кон Украина е јасна.“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

– Така и ние го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и никогаш не се изјаснивме против тоа. И во Генералното собрание на ОН, ние поддржавме дека нападите и заканите за територијалниот интегритет на Украина се неприфатливи, рече Вучиќ.