Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека Германија е сериозна земја и се подготвува за она што следува.

„Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години. Има два клучни проблеми – енергијата и индустријата, како и инфлацијата. Добро е што немаме висока стапка на јавен долг. Ќе има доволно храна, нема да имаме проблеми во краен случај, но мора многу да се направи. Кој и да ви каже дека ќе биде прекрасно и одлично – нема. Ќе биде многу тешко“, кажа Вучиќ.

Се надева дека во годините што доаѓаат ќе обезбедат нормален и пристоен живот за граѓаните. Светот го тресе енергетска криза, а сега и војната во Украина.