Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорот со рускиот претседател Владимир Путин траел долго, дека разговарале за се и дека Путин „не е луд“.

„Разговорот беше добар, коректен. Ние двајцата се познаваме одамна и не можам и нема да го прифатам тој пристап во кој го нарекуваат Хитлер или го нарекуваат лудак. Тој не е ниту лудак, ниту луд, ниту хистеричен, ништо од тоа. Ми зборуваше многу стабилно, смирено и рационално. Постигнавме значителен дел од договорот за тоа што разговаравме, а тој сакаше да ме информира за ситуацијата во Украина, за Буча и за плановите. Тој рече дека сè оди според неговите планови, а јас му реков дека не мора да ми кажува за тоа, бидејќи јас сум претставник на мала земја која сака да си го зачува своето и која не може да одлучува за ништо. Тој ми рече: „Знаеш, Александар, разговарам и со претставници на уште помали земји, а мојот однос со српскиот народ е посебен“. Разговорот, значи, течеше така – изјави претседателот во своето гостувцање на РТС.