Република Северна Македонија и Албанија заслужија почеток на преговори со ЕУ, смета српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој во интервју за Сител Телевизија, изјави дека со години наназад ја е сведок на состојбите и искрената борба на двете држави во обид да ги почнат пристапните преговори со Унијата. Република Северна Македонија веќе 17 години како земја кандидат ги исполнува реформите и ги постигнува резултатите.
„Мислам дека Северна Македонија и Албанија заслужија почеток на преговорите за членство во ЕУ. Одамна заслужија заради својата посветеност, резултатите кои ги постигнаа, исполнувањето на се она што го бараа од нив“ – изјави Вучиќ во Тема на денот на Сител Телевизија.

Вучиќ исто така рече дека е ги следи процесите и искрената борба но и храброст на премиерите на РС Македонија и Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама со цел да ги зачуваат нивните важни државнички прашања и со нив да ги започнат преговорите.
„Секако дека следам се што се случувам и поддржувам се она што моите колеги Ковачевски и Рама го бараа во Брисел многу храбро, остро, не само на конференциите со новинарите туку и на самите средба посветена за Западен Балкан“, изјави Вучиќ.
Сепак Вучиќ напомена дека тој не може да се меша во внатрешните политики поврзани со македонските граѓани, со народот и не би сакал да се најде во истата позиција пред српските граѓани. Што се однесува со историските прашања тој смета дека историјата не се пишува денес туку ќе биде напишана од следните генерации за десетина или повеќе години.

„Јас не сум од оние кои ги сака тие приказни за историските моменти, многу важни моменти. Што се историските моменти за тоа ќе одлучуваат некои за 20, 30, 50 години а не ние денес. Претпоставувам дека тоа е еден дел што ги нервира и во Скопје и во Велес и во Битола и во Прилеп и во секое друго место и во Куманово и во секое друго место во Македонија„ – рече Вучиќ.