Vestiplus.mk
+ Centar МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Ги молам луѓето рационално да ги постават работите, што ви е алтернативата?

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вечерва на Сител ги повика македонските граѓани, разумно да ги постават работите, бидејќи само така ќе сфатат што добиваат, а што може да изгубат со почеткот на преговорите со Унијата. Вучиќ посочи дека европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинска важност за сите. За искрените заложби на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, претседателот на Србија истакна дека тој лично може да посведочи.

-Што ви е алтернативата? Дали ќе ве оптеретуваат на секое следно… секако, ќе прашуваат Бугарите за нешто, ќе прашуваат други за нешто друго. Секогаш нешто ќе се најде. Но туркајте ја својата земја напред. На крајот дали некој ќе ви отвори кластер повеќе, или кластер помалку, не е суштинско прашање, не е најважно. Но, добро е да бидете на европскиот пат, добро е да се отвораат можности за привлекување на инвестиции. Тоа е важно, тоа е добро.
А ова дали може да верувате дека нема да ви постават нови прашања, за Гоце Делчев, за други прашања. Тоа ќе ви го поставуваат, нека не ве лаже некој дека нема. Како и нас што ни направија. Се што рекоа дека нема, се има и што сега? Треба да се убиеме? Не треба да се убиеме. Полека, ги решаваме работите една по една. Србија е на европскиот пат, која ни е алтернативата? Напросто, тешко дека постои. Но, луѓето не се занимаваат со тоа, се занимваат со тоа како нашата земја напредува. Ние и понатаму ги чуваме пристојните односи со Русија и со сите други и дали сме на европскиот пат, сме, тоа е огромен бенефит. Затоа ги молам луѓето рационално да ги постават работите. Да кажат ова не е убаво, не е добро, не е ни претерано пријателски. Но, што ни е изборот од другата страна? Во таа насока луѓето да ги постават работите-истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија, уште еднаш ја потенцираше заложбата на премиерот Димитар Ковачевски во Брисел, кој како што истакна искрено се бори за Северна Македонија и граѓаните.

-Јас можам да посведочам на искрената борба на Ковачевски во Брисел, за својата земја и својот народ. Не за тоа што се случува во Скопје, заради тоа што, за тоа знам многу помалку. Јас не можам да го советувам Ковачевски, јас можам да кажам само на обичниот народ, затоа што кога давате совети тоа може да биде пријателски, но јас само би им кажал на луѓето да пристапуваат со помалку емоции. Не е крај на светот и вака, и така. Но, добро е да се искалкулира што е подобро. Јас мислам дека може да заклучите што јас мислам, а не сакам до крај да ви го кажам. Што мислам дека е подобро, но тоа е тактички потег, немојте да мислите дека со тоа нешто многу сте добиле, или пак бог знае што сте изгубиле. Тоа е тежок процес, но тој процес треба едно по едно, да се прескокнува. Нема убави вести, нема тука убави вести – рече претседателот на Србија.

Вучиќ истакна дека Република Србија за разлика од Северна Македонија останала без дел од територијата, но иако тоа Србија не го прифаќа сепак чекори напред кон иднината.

-Нас ни одзедоа значаен дел од територијата, вас тоа не ви го направиле. Така што, без оглед на тоа ние прифативме и тераме напред, иако не го признаваме независно Косово, не прифаќаме се што ни нудат низ поглавјето 35, но дали мора да истрпите некогаш и некои лоши работи, да морате.
Мислам дека е најважно луѓето да ја знаат вистината, дека никој не ги манипулира со големи слики дека ќе тече мед и млеко затоа што нема ни вака ни така. Но, дали е полесно доколку имате отворени преговори, веројатно ќе биде економски полесно. На основа на тоа луѓето може да мерат – рече Александар Вучиќ претседател на Република Србија.

Можеби ќе ве интересира...

Заев во писмо до членството: СДСМ учи и се поправа, повикувам на обединување!

В+

Словачка ќе направи сè за руски гас: Не сакаме да помине како Бугарија и Полска

Vesti +

Утре славиме голем празник – еве што никако не треба да правите, особено жените оваа грешка не смее да ја направат

В+

Бесими: Приоритетни инвестиции се: „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и технологијата

В+

Акциска контрола во Прилеп, две лица приведени, 51 санкционирани возачи

В+

Владата ќе ја одржи редовната 104-та седница

В+