Војската на Србија собори дрон над касарната во Рашка, јавуваат медиумите.

Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот.

Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за комерцијален дрон кој го извидувал теренот.

Инаку, с премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа на РТС зборуваше за беспилотните летала кои вчера беа забележани над Рашка. За беспилотните летала кои вчера беа видени зборуваше и новиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.