Денес во попладневните и ноќните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. И во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Прогноза за 21.09.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 31°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на краткотраен дожд и грмежи.

Прогноза за 22.09.2023
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.

Прогноза за 23.09.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 28°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.