Денес наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

И во сабота ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Прогноза за 24.10.2021
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно и посвежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Прогноза за 25.10.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 26.10.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.