Денес ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса утре времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите же бидат побилни (над 20 л/м2) особено во јужните и источните делови, а дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени.

Од понеделник до среда врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а нов влажен бран ќе има кон крајот на работната недела.

Од вторник на места ќе има утрински температури под нулата.