Уште утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено односно сончево со мала локална облачност и слаб претежно јужен ветер.

Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 06.10.2021
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 22°C
Променливо облачно и свежо со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 07.10.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 08.10.2021
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.