Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.