Претседателот на Украина Владимир Зеленски најави дека во земјата се воведува воена состојба.

Тоа го рече при своето обраќање пред граѓаните.

„Русија изврши удари врз нашата воена инфраструктура. Воведуваме воена состојба“, изјави шефот на украинската држава, пренесува украинската агенција УНИАН.

Побара граѓаните што повеќе да останат дома.

„Не паничете, ние сме силни, подготвени сме на се, ќе победиме секого“, потенцира Зеленски.