Началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на Приједор, Раденко Башиќ е убиен утрово во престрелка во Пеќани кај Приједор.

Во населбата Пеќани на местото на убиството на началникот на криминалистичката полиција на Полициската управа на Приједор, Раденко Башиќ се уште се води истрага. Оваа населба од утрово е под опсада на полициски службеници кои ги контролираат сите минувачи и возачи.

Телото на Раденко Башиќ е однесено, а форензичарите се уште го фотографираат местото на убиството.

Поради убиството на началникот на криминалистичката полиција на Полициската управа Приједор, Раденко Башиќ, во Приедор пристигнал директорот на полицијата на РС Синиша Кострешевиќ.

Засега полицијата донесе неколку лица на разговор, се проверуваат алиби и мотиви за пукање во Башиќ.