Вчера во населбата Драчево во Општина Кисела Вода беше означен почетокот на изградбата на крст кој ќе биде втор по големина во Македонија, по Милениумскиот на врвот на Водно.

Ќе биде изграден и ставен во функција за четири месеци во Паркот на бранителите, а ќе има висина од 63,5 метри. Подножјето ќе биде уредено со содржини кои ја карактеризираат Македонската Православна Црква.

„Историјата се пишува за големи дела, а ние сме тие кои ги создаваме. Од денес, ова е свето место. Сигурен сум дека оваа локација ќе им биде омилена на нашите жители, дека ќе биде атрактивна дестинација за туристите, и секако, ќе биде значајно одбележје на Драчево, но и на цела Кисела Вода.

Пред 20 години, се изгради Милениумскиот крст на Водно. Две декади подоцна време е да го препознаеме и искористиме потенцијалот и на оваа локација“, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода