Оваа година ќе има ново зголемување на платите, пензиите и минималецот. Очекувањата се дека економијата ќе се развива позасилено, а се очекува да пораснат и инвестициите.

Иако, се уште се присутни влијанијата на шоковите од економската и енергетската криза врз глобалните економии, во земјава навремено донесените мерки ги даваат посакуваните резултати.

За оваа година сеочекува забрзан раст и намалување на инфлацијата.

Дополнителни средства во Буџетот за поголеми плати и пензии
Исто така, платите и пензиите и понатаму ќе се зголемуваат, за што во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии, кои ќе се покачуваат согласно новата методологија.

Оваа година ќе има и ново зголемување на минималната плата
За сите вработени, од месец март 2024 година, минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари.

Најниската плата во Македонија од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Ова е повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.

Од 2017 година, со промена на власта, минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во 2024 следи ново покачување.

Растот на минималната плата поттикнува и раст и на останатите плати
Полека се исправа неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март.

Просечната плата во Македонија изнесува 630 евра

Просечната месечна плата по вработен сега изнесува 39.000 денари или 630 евра. За споредба, пред само неколку години, просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари.