По синоќешната голема акција на МВР, почнаа да излегуваат информации за тоа што се случувало на Табановце.

Според податоците познати досега во картонска кутија на Граничниот премин ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, јавија повеќе медиуми.

Синоќа имаше голема акција на “Табановце” каде во раце на полицијата паднаа повеќе полицајци и вработени во царина.

Полицијата ќе соопшти детали за големата акција во текот на денешниот ден.