Се намалува бројот на крави, овци, кози во државата, млеко има сè помалку, а цената на млечните производи уште ќе расте.

Во Хрватска килограм кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари.

И на другите млечни производи цените излегоа од колосек, така овчото сирење се продава од 400 до 600 денари, кравјото од 350 до 450 денари, урдата над 200 денари, а цената на млекото и јогуртот, која постојано се менува во зависност од производителот и од масленост, достигнува и над 70 денари за килограм.