Кју треската, акутна фебрилна болест која се пренесува од домашни животни на луѓе, досега е потврдена кај 12 жители на селото Мавринци кај Риека. Инфекцијата има поблаги симптоми слични на грип.

Дијана Лакосељац, епидемиолог во Заводот за јавно здравјево Приморско горанската жупанија изјави дека треската Кју се проширила по групирањето на пациентите во една од селските улички и дека досега се потврдени 12 позитивни лица, додека вкупно 20 биле присутни.

Таа посочи дека со оглед на тоа што сезоната на грип е во тек, тешко е да се каже дали има заболени и од грип и од корона, а симптомите на Кју треската може да бидат поблаги, слични на грип или корона.

Таа изјави дека заболените од селото Мавринци заедно со овци, кози и крави се возеле во запрежни коли и дека ќе следи ветеринарно испитување на овие животни за да се утврди дали се навистина позитивни. Лакошељац истакна дека е важно жителите да внимаваат, да не се доближуваат до ѓубривото, а доколку навистина мораат, задолжително да стават заштитна маска, да ги мијат рацете што е можно повеќе и да ги дезинфицираат.

Кју треската, која на луѓето најчесто се пренесува преку овци, кози или крави, е потврдена во петокот кај девет жители на Мавринци.

Според Институтот, инкубацијата трае две до три недели, а симптомите се висока температура, општа малаксаност и кашлица, па болеста може да се помеша со грип или корона. Кју-треска често е придружена со пневмонија, половина од заразените развиваат симптоми и успешно се лекуваат со антибиотици.

Патогенот често се шири за време на јагнењето, преку животински измет, а луѓето се инфицираат со вдишување.